| четврток, 6 декември 2018 |

На 80 аеродроми уапсени 118 лица – купувале со факсификувани картички

lisici

Вкупно 188 луѓе се уапсени во рамки на меѓународна операција за разбивање мрежа за купување авионски билети со фалсификувани кредитни картички, соопшти денеска Европол, додавајќи дека се работи за организиран криминал вреден повеќе милиони евра.

Операцијата наречена „Глобална акција“ биле спроведена на вкупно 80 аеродроми во 45 земји. Акцијата биле координирана од седиштата на Европол во Хаг, на Интерепол во Сингапур и на Латиноамериканската полициска агеција „Америпол“ во Богота.

Полициски тимови на аеродромите, од Лондон до Манила, уапсиле осомничени лица, кои користеле фалсификувани кредитни картички за купување авионски билети, додека тие стоеле во редови за качување или пак излегување од авионите, изјави директорот на Европол, Роб Вејнрат.

– Авионската индустрија поради овие проблеми губи милијарди долари во текот на една година. Моравме да смислиме глобална операција, да ги спречиме тие луѓе да се качат во авионот или пак да ги фатиме по доаѓањето на посакуваната дестинација – додаде тој.

Во седиштеtо на Европол во оваа операција работеле заедно стручни лица од компаниите кои издаваат кредитни картички, вклучуваји ги и „Виза“ и „Американ eкспрес“, како и претставници на авионски компании и полициски анилитичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top