| четврток, 6 декември 2018 |

Емоциите преовладаа – Зафир со солзи в очи прослави 55 години кариера (ФОТО)

„Хаџиманов, не само кај нас во Македонија, отсекогаш бил едноставно-Зафир“ - Томислав Османли

Со многу емоции, песна и по некоја солза-радосница денеска напладне, доајенот на македонската популарна музика Зафир Хаџиманов го промовираше цедето „Како Вардар“ во кое се собрани 19 песни од неговото богато музичко реноме.

Hadzimanov 01 (Custom)

Голем број новинари, пријатели и соработници денеска заедно го прославија неговиот 70. роденден, но и 55 години кариера.

Hadzimanov 03 (Custom)

Во придружба на неговиот син Васил, Зафир, сѐ уште со оној длабок и моќен глас, како годините да не поминале, запеа дел од незаборавните стихови како „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“…

Hadzimanov 04 (Custom)

Фото: Игор Ангелковски

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top