| четврток, 6 декември 2018 |

Зафир Хаџиманов одбележува 55 години кариера

zafir hadzimanov

Зафир Хаџиманов, доајенот на македонската популарна музика, одбележува 55 години кариера и по тој повод ќе излезе цеде под наслов „Kако Вардар“ на кое ќе се најдат 19 негови хита. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија додека цедето го објавува продукцијата „Пасворд“. На објавата ќе се најдат песните: „Kако Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Зајди зајди“, „Од љубов не се бега“ и многу други. 

Денеска во министерството за култура Зафир Хаџиманов ќе има средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Роден е во Kавадарци, но долг период живее во Белград. Во 2007 година беше прогласен за македонски амбасадор на културата во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top