Француската европратеничка и лидер на десничарската партија Национален фронт, Марин ле Пен, ветила дека ако победи на претседателските избори во 2017 година, ќе организира референдум за излегување на Франција од Европската унија, објави „Фигаро“.
Ако францускиот народ реши да остане во ЕУ, тогаш таа ќе се откаже од претседателската функција.
– Ако бидам избрана за претседател, пред Французите ќе ја преземам одговорноста во рок од шест месеци да организирам референдум за излегување од Европската унија – рече Ле Пен.
Веднаш по превземањето на функцијата, таа би иницира и преговори со европските органи, да бидат вратени на Франција територијалниот, правниот и економскиот суверенитет, како и суверенитетот во монетарната сфера.
– ЕУ или ќе ги врати на францускиот народ овие четири елементи или ќе одбие да го направи тоа. И тогаш јас ќе ги замолам Французите да гласаат за излегување од ЕУ на референдум – истакна француската политичарка.
Позицијата на француската ултранационалистка, по Берлинскиот ѕид, да биде урнат и бриселскиот, таа ја најави одамна.
Ле Пен побара сонародниците да придонесат за тоа уште во почетокот на годината. Според неа, ЕУ не може да се реформира во сегашната форма, таа мора да биде уништена, ако е можно, да се направи проект, за Европа на слободни држави, каква што, всушност, била замислата на генерал Шарл де Гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.