Стапката на сиромашни лица во Република Македонија според објавените податоци на Државниот завод за статистика во 2012 година изнесувала 26,2 проценти. Бележи намалување во однос на претходните години кога стапката изнесувала 26,8 проценти во 2011 и 27 проценти во 2010 година.
Според објавените податоци бројот на лица кои живееле под прагот на сиромаштија во 2012 година изнесувал околу 540 илјади.
Стапката на сиромаштија е најголема кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе деца и изнесува 53,9 проценти, кај самохраните родители со издржувани деца 30,8 проценти и домаќинствата со издржувани деца каде стапката е 28,7 проценти.
Кај вработените лица стапката изнесува 11,1 отсто, кај невработените 46,5 проценти, кај пензионерите 14,1 отсто и 33 проценти изнесува кај другите неактивни лица.
Во 2012 година 39,5 проценти од лицата имале потешкотии со плаќање сметки и рати од кредит, лица кои не можеле да си овозможат еднонеделен одмор во текот на годината изнесувал 73,6 проценти, 28,7 проценти не можеле да си дозволат автомобил..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Расте сиромаштијата: Зголемени трошоците на живот и цените на мало
-
Семејството Јусуфовски живее на излезот од Охрид во ужасни услови: Нема струја, кревети пред распаѓање и под од земја и камен…