| четврток, 6 декември 2018 |

Ново од „Пекабеско“ – јогурти „Пекабела“

P

 „Пекабеско“ ја прошири својата палета на производи, па од неодамна на пазарот можат да се најде нивниот јогурт под брендот „Пекабела“.

Јогурт со 2,8 отсто млечни масти и јогурт со 0,5 отсто млечни масти се дел од новата палета на производи на „Пекабеско“.

Од компанијата велат дека на ваков чекор се одлучиле следејќи ги потребите на пазарот и вкусот на потрошувачите.

– „Пекабеско“ е компанија со 42 годишна традиција. По повеќегодишни истражувања на пазарот, минатиот месец започнавме со продажба на нови млечни производи. Нашата компанија ги следи потребите и навиките на потрошувачите и секогаш сме подготвени да пласираме производи со одличен квалитет, а истовремено со достапни цени – велат од комапнијата.

Од таму најавуваат дека тековно се работи на отворање на нови линии во делот на редовното производство, а уште нови производи набргу ќе се најдат на домашниот и регионалните пазари.

Покрај овие два типа на јогурти, „Пекабеско“ ја зголеми својата „Пекабела“ линија и со две млека со 3,2 и 1,6 отсто млечни масти, како и растителен крем Кремабела.

 

Павлаката Пекабела, заедно со кашкавалот Ирко, остануваат на пазарот како едни од најпродаваните Пекабеско производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top