Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ќе одржи митинзи во општина Бутел и во општина Карпош.
Митингот во општина Бутел е со почеток од 19 часот, а на него ќе се обратат претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и кандидатот за градоначалник на Бутел од коалицијата „За подобра Македонија“, Петре Латиновски.
Оттаму, карванот ќе се упати кон Карпош, каде што митингот е закажан за 21 часот. Пред граѓаните на Карпош ќе зборуваат кандидатот за градоначалник, Јагнула Куновска, и премиерот Груевски.
Претходно, ВMРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат мали митинзи во Зелениково со почеток од 15 часот и во Сопиште со почеток од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата