| четврток, 6 декември 2018 |

Неговата професија е придружба и за една ноќ заработува и по 20.000 долари

придружба

Тој се вика Хикару Аизава, професијата му е придружба, а за своите услуги заработува неверојатни пари и за само една ноќ добива и по 20.о00 долари.Како што пренсуваат медиумите, тој во моменотв е најдобар во својата работа во Јапонија, а угледот и имиџот ги изградил до таа мера, што излегувањето со него претставува работа на престиж.

Постојат дури и листи на чекање за неговите услуги, а богатите жени се натпреваруваат во вртоглави суми и скапи подароци со кои го купуваат неговото внимание.

Неговите клинети се жени што му плаќаат за излегување на пијалак, дружење со вечера, па дури и возење со автомобил. Сексот не е секогаш опција, но не е ниту забранет.

– Жените, всушност, го користат моето друштво за да ја пополнат емоционалната празнина, а не нужно да ги задоволат своите сексуални потреби – вели Аизава.

Тој претходно се занимавал со трговија.

-Ги искористив своите вештини на продавач и така, всушност, од себе направив пожелен производ- објаснува Аизава.

Аизива од своите клиентки добива и луксузни подароци, кои по својата вредност често ја надминуваат вредноста на парите што ги добива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top