| четврток, 6 декември 2018 |

Градот во кој нема да може да се живее уште 20.000 години (видео)

cernobil6Документаристот Дени Куки со помош на беспилотно летало „Фантом 2“ сними фасцинантни кадри од опустошениот град Припјата оддалечен неколку километри од Чернобил.

За време на нукеларната катастрофа што се случи во 1986 година, во градот живееле 50.000 луѓе, а денес тоа е град на духови со станбени згради кои полека се распаѓаат, со рѓосани остатоци од автомобили и растителен свет кои полека ги прекрива остатоците од некогаш живиот град.

По несреќата во Чернобил, власите во СССР молчеле три дена, а за тоа време ветриштата ја разнесувале радијацијата по целиот западен дел на поранешен СССР и голем дел од европскиот континент. Дури потоа почнала евакуација на 350 илјади луѓе кои живееле на подрачјето на Чернобил.

Во очајничката борба да се санираат последиците од несреќата на нуклеарката и да се ограничи ширењето на радијацијата учествувале околу половина милион работници, а трошоците се проценуваат на 18 милијарди долари. Катастрофата во Чернобил остана запомната како најголема несреќа на една нукеларна електрана во исторјата на човештвото. При експлозијата на самото место загинале 31 лице, а бројот на жртви од последиците од радијацијата сѐ уште не е можно да се избројат.

Посетата на Припјат засега е можна само на кратко, затоа што се верува дека со време се распаднале радиоактивните изотопи кои ги ослободи нуклеарката. Туристите можат да добијат дозвола за посета во текот на денот. Но, научниците сметаат дека на тоа подрачје нема да може да се живее уште 20.000 години.

Дени Куки ја искористи снимката наречена „Разгледница од Припјат, Чернобил“ за емисијата „60 минути“ на „Си-Би-Ес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top