Деновите за енергетска ефикасност Градот Скопје ги искористи да ја промовира реконструкцијата на средното училиште „Јосип Броз-Тито“. Во гимназијата беа заменети речиси сите прозорци и покривот, а беше изведена и нова фасада, со што објектот стана енергетски ефикасен. Со ова се предвидува дека ќе има заштеда на енергија од околу 30 отсто, ќе се подобри амбиенталната температура во просториите, а ќе се намали и количеството внесената енергија за загревање.
Зафатите на фасадата се направени со финансиска поддршка од УНДП и чинат околу 3,9 милиони денари, од кои Градот учествува со нешто над 2,3 милиони денари. Целата реконструкција е извршена со посебен проект за фасада, кој градските власти го најавуваат за сите средни училишта во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.