Денеска во населбата Јане Сандански би сакал да го промовирам проектот од нашата предизборна програма за изградба на првата гимназија во Општина Аеродром, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски на денешната прес-конференција.
– Имено, Општина Аеродром во изминатиот период интензивно се развива и го зголемува бројот на своето население, а посебно на младата популација. Од таму се појави потреба за зголемување на капацитетите на средните училишта во овој дел од градот прекуизградба на ново училиште. Со тоа ќе се подобри достапноста на учениците до училиштата и ќе се зголеми квалитетот на воспитно-образовниот процес, истакна Коневски.
– Во овој дел на општината, предвидовме уште еден капитален проект, а тоа е изградба на нов парк на раскрсницата меѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Србија“. Со изградбата на овој парк не само што аеродромци ќе добијат уште едно пријатно зелено катче, туку и на долгорочен план ќе се дејствува врз намалување на загадувањето на воздухот. Покрај овие два крупни проекти, нашите приоритети за доброто на граѓаните од населбата Јане Сандански за наредните четири години остануваат реконструкција на оштетени фасади, плочниците и пешачките патеки меѓу зградите, изградба на парк за миленици и поставување метални конструкции за вежбање во парковите, заврши тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.