| четврток, 6 декември 2018 |

Европратениците бараат признавање на Палестина

europarlament palestineВо неколкучасовна жестока дебата повеќе пратеници од Европскиот парламент ги повикаа своите колеги да го следат примерот на Шведска, чија влада во октомври го призна постоењето на палестинската држава, наспроти незадоволството на израелските власти, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Парламентите на Велика Британија, Ирска и Шпанија преземаа симболични чекори, повикувајќи ги своите влади да разгледаат ваков потег, а во Франција темата ќе се разгледа оваа недела.

– Оваа парламентарна иницијатива може да даде дополнителне импулс, што ќе ги доведе преговорите до успешен крај и да донесе мир на Блискиот Исток, изјави британскиот европратеник Ричард Ховит.

Други пратеници од ЕП предупредија дека таквата позиција може да ја компромитира улогата на ЕУ на неутрален преговарач. Гласањето требаше да биде денеска, но е одложено за декември, поради силниот притисок од Израел и самите поделби во ЕУ. Германија е против официјално признавање. Дури и гласањето во декември да помине, тоа ќе биде симболично, а не обврзувачко, бидејќи официјално признавање зависи од 28-те влади во ЕУ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top