Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора имаат исти слабости во спроведување на јавните набавки, чија вкупна вредност годишно изнесува пет милијарди евра. Слаби точки се неадекватното планирање на набавките, малата конкуренција, дискриминаторските услови за учество на тендерите, неследењето на реализацијата на договорите за јавни набавки, како и ниското ниво на свесност кај државните институции за поголема отчетност за трошењето на јавните пари.
Ова беше посочено на денешната конференција за актуелните состојби во сферата на јавните набавки што се одржа во Скопје.
Директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска истакна дека споредено со земјите од регионот, Македонија отскокнува од аспект на високото ниво на поставеност и функционирање на системот за јавни набавки.
Таа додаде дека во наредениот период треба да се вложи особено внимание во реализацијата на договорите за јавни набавки, а поактивни треба да бидат и понудувачите во заштитата на своите права.
Универзитетскиот професор Никола Тупанчески истакна дека казните во Законот за јавни набавки се премногу остри и неусогласени со Кривичниот законик.
Акцентот на конференцијата беше ставен на новите правила на ЕУ за јавните набавки и отстапувањето на новите измени во законите за јавни набавки во дел од земјите од Западен Балкан од новите европски директиви.
Посочени се значајни разлики во оваа смисла кои треба да се имаат предвид во подобрувањето на законските регулативи.
Конференцијата е дел од регионалниот проект „Кон ефикасни механизми во јавните набавки во државите (потенцијални) кандидати за членство во ЕУ“ што го спроведуваат шест невладини организации од Македонија, Србија, БИХ, Црна Гора и Словачка. Проектот е финансиран од ЕУ, во рамките на ИПА програмата за „Поддршка на граѓанското општество“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фирмата „Пуцко петрол“ на градоначалникот на Пласница ги лапнала највредните тендери
-
Пике повторно исвиркуван: Ако не се чувствувам како Шпанец нема да играм за репрезентацијата
-
Местото на телото каде што имате масни наслаги говори за вашиот здравствен проблем
-
Четирите најчести проблеми со кои жените одат на гинеколог