„Годинава беше особено значајна за Нокаут. Покрај тоа што оженивме дури тројца од бендот, а еден стана и татко, го издадовме и нашиот трет студиски албум „Три“. А, најдобар начин да ја заокружиме оваа успешна година е тие емоции да ги споделиме со нашите фанови на еден голем концерт. Овој пат се одлучивме за поинтимна средба – unplugged концерт во Универзалната сала, кој ќе се одржи на 17 декември во 20.00 часот“, велат од „Нокаут“.
Тие додаваат – и овој пат вокална поддршка ќе добиеме од нашите драги соработници Игор Џамбазов и Владимир Поп Христов – Мио. Но, гостинската екипа сега добива и засилување, а тоа се легендите на македонската рок сцена – „Ласт експедишн“, како и хипхоп-организмот Тони Зен.
– Вам ви останува уште малку време да ги сублимирате вашите емоции и да дојдете заедно да креираме музички паралелен универзум. Картите ќе бидат пуштени во продажба од 1 декември, а ќе можат да се набават во туристичката агенција odmorise.mk, во продажната мрежа на mktickets.mk и на билетарата на Универзална сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.