Една прегратка е доволна да ве расплаче, особено ако се работи за фудбалска ѕвезда од рангот на Кристијано Роналдо. Португалскиот ас од Реал Мадрид направи вистински гест на џентлмен, откако ја заштити и прегрна девојката што втрча на теренот во Базел пред мечот и побара автограм од него.
Обезбедувањето сакаше веднаш да ја отстрани навивачката, но Роналдо не им дозволи пред да и се потпише на шалот. Убави моменти за девојката и вистински потег на популарниот ЦР7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.