| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави нова инвестиција во охридско-струшкиот регион

gruevski

Премиерот Никола Груевски најави нова германска инвестиција во охридско-струшкиот регион. Одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, Груевски посочи дека има нова, сигурна инвестиција. Името на фирмата не сакаше да го открие, сметајќи дека компанијата прва треба да ја објави одлуката да инвестира во земјава. Се работи за компанија за автомобилски делови, која ќе донесе нови вработувања.

-Инвестицијата е сигурна. Во наредните две недели ќе се донесе одлуката каде точно ќе се гради новата фабрика, односно дали ќе биде во просториите на ЕМО или во технолошко-индустриската зона во овој регион. Одлуката ќе биде донесена по калкулација на трошоците – посочи Груевски.

Три други компании, од Унгарија, Бугарија и од Србија, се заинтересирани за купување и инвестирање во делови од ЕМО. Најверојатно се работи за фирми што ќе изработуваат трансформатори и далноводи. Премиерот изрази надеж дека трите компании ќе се решат да инвестираат и да вработат што повеќе луѓе. Дали ќе инвестираат ќе се знае во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top