| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ: Николиќ, Дачиќ и Вучиќ се тресат од страв, го поддржувам Иво Јосиповиќ (видео)

vojislav-seselj-ukljucenje-u-osijecku-tv-foto-printscreen-yt-1417085606-593790

Воислав Шешељ, кого Хашкиот трибунал го пушти на привремена слобода, беше дел од емисијата „Бујица“ на телевизијата во Осиек. На самиот старт ја прокоментира изјавата на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, нарекувајќи го маргинален политичар на кого не треба да му се посветува толку големо внимание.

– Николиќ, Дачиќ и Вучиќ се тресат од страв. Со таквите изјави се тешат самите себе. Ме блокираа на српските нацонални медиуми, но најдов начин да стигнам до јавноста, а тоа е преку Хрватска. Доволно беше да дадам едно сооштение и Хрватите да се фатат како сом за пијавица и да кренат кампања против мене – вели тој.

Шешељ додава дека го поддржува Иво Јосиповиќ во кандидатурата за нов претседателски мандат и дека бил во контакт со неговите соработници кои го посоветувале да даде такво соопштение за Јосиповиќ да се експонира како националист во хрватската  јавност.

– Кога такви луѓе почнуваат да убиваат, тешко е да ги запреш – вели Шешељ.

На коментарот на водителот дека нема оправдување за убивањето на жени и на деца, тој одговара:

– Па, немојте мене да ме напаѓате, не го направив тоа јас, туку татко му на Иво Јосповиќ.

Така е Војо – додава Анто Ковачевиќ, кој разговорот го следел со насмевка на лицето.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top