| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Mеси е гениј, Иниеста волшебник, а јас сум Бог

Шведскиот фудбалер и напаѓач на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ го направи својот идеален тим, а на неговите избраници им даде интересни прекари, при што себеси се нарече Бог.

Критериумот при изборот на најдобрите 11 е тие да се соиграчи на Ибрахимовиќ во текот на неговата кариера.

Во идеалниот тим составен од Ибрахимовиќ влегоа:

Голман:
Џанлуиџи Буфон – прекар Ѕид.

Одбрана:
Лилијам Турам -­ Животно
Максвел ­- Елегантен
Тијаго Силва – Комплетен
Фабио Канаваро – Питбул

Среден ред:
Андрес Иниеста – Волшебник
Патрик Виера – Водач
Чави – Совршен
Павел Недвед – Машина

Напад:
Лионел Меси – Гениј

Златан Ибрахомовиќ – Бог

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top