За нашата фамилија веќе нема нормален живот. Да можеме и своите животи ќе ги дадеме за да ги вратиме децата бидејќи ги гледавме како наши. Нема зборови со кои можеме да ја опишеме нашата болка, велат Бојана и Срѓан Јовановиќ, родителите на 19-годишниот Душан Јовановиќ, кој со автомобилот падна во Дунав, тие се огласија и кажаа дека нивното дете треба да одговара за тоа што го направило.
Тие се во шок и неверување. Жалат за трагедијата, жалат и за својот син. Велат иако се работи за нивното дете, свесни се дека треба да преземе одговорност за тоа што се случило.
– Не знам како да живееме со ова, веќе немаме семејство… и нашите животи заминаа со тие деца… Немања му беше најдобар другар, а Беба девојка. Постојано се дружеа. Заедно јадеа, пиеја, спиеја и си ги делеа тајните во нашата куќа – вели мајката на Душан.
На прашањето зошто носи црно иако нејзиното дете преживеа, таа вели дека е во црнило за другите деца, бидејќи ги чуствувала како свои.
– Свесни сме дека ништо од ова не е намерно. Пиеле, се забавувале и направиле глупост, која многу ги чинеше. Како што слушнавме пееле во автомобилот до моментот на трагедијата – вели таткото и додава дека неговиот син направил сè за да ги спаси другарите. Уаспеал да спаси двајца, но не успеал да го спаси тој од багажникот, кој бил најкрупен бидејќи бил ватерполист.
Од друга страна, иако се пишува дека осум пати бил фатен како вози без дозвола и има 27 прекршочни против него, мајката на Душан тврди дека тоа не е вистина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун