Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, беше задоволен откако неговите момци го совладаа тимот на Борусија Дортмунд со резултат 2-0. Со оваа победа тимот од „Емирати“ обезбеди настап во осминафиналето во Лигата на шампиони.
– Најмногу ме радува тоа што сите заедно се бореа до крајот. Ова беше натпревар сличен како тој со Манчестер јунајтед, но покажавме напредок бидејќи резултатот беше во наша корист – изјави Венгер.
„Топџиите“ во последното коло од Премиерлигата во мечот против Јунајтед покажаа квалитетна игра, правеа шанси, но на крајот беа поразени со 2-1.
– Ние сме екипа која сака да напаѓа, а тогаш сме жртви на ваквата игра. Затоа е потребно да се концетрираме на одбраната, а вечерва тоа го направивме – изјави Венгер.
– Ние нашата работа во ЛШ ја завршивме и сега го чекаме ждребот за осминафиналето, а во меѓувреме ќе се фокусираме на Премиерлигата – додаде Венгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.