| четврток, 6 декември 2018 |

Закана за бомба го испразни најголемиот трговски центар во Милано

Најмалку 15 илјади посетители беа евакуирани синоќа од трговски центар во Милано откако претходно било добиено предупредување дека се поставени бомби.

Во телефонската информација било речено дека има поставено повеќе бомби во продавници.

– Има поставено пет бомби во вашиот трговски центар. Напуштете ја Италија – рекол машки глас.

Трговискиот центар „Серавале Скривиа“, кој е дел од британската група „МекАртурГлен“, е најголем центар во Северна Италија со 200 продавници. По информацијата, веднаш бил испразнет без паника. Специјални полициски тимови утврдиле дека станува збор за лажна информација, но трговскиот центар сè уште не е отворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top