Кошаркарите, раководството и навивачите на турскиот клуб Банвит покажаа дека се големи спортисти со начинот на кој му оддадоа почит на трагично починатиот навивач на Црвена звезда, Марко Ивковиќ, пред стартот на мечот со Партизан.
„Жалиме за вашата загуба“, пишуваше на транспарентот што во раце го држеа играчите на турскиот клуб пред почетокот на дуелот со белграѓани. Со минута молчење тие го одбележаа трагичниот настан што се случи пред натпреварот во Евролигата во Истанбул меѓу Галатасарај и Црвена звезда кога со нож беше прободен Ивковиќ. Подоцна 25-годишното момче почина во болница, а страстите се вжештија до ниво на влошување на односите меѓу двете земји, Турција и Србија.
Погледнете го гестот на Турците, што дава спортски придонес кон смирување на ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)