Друштвото на писателите на Македонија утре (петок 28 ноември) во 12 часот, ќе одржи трибина со наслов Историјата на македонската книжевност – истражувања, резултати, научни искуства. Модератор на трибината ќе биде д-р Соња Стојменска Елзесер, а учесници д-р Илија Велев и д-р Георги Сталев, раководители на научни проекти и автори на истории на македонската средновековна книжевност и на македонската книжевност во 19 и 20 век. Предмет за расправа на трибината ќе бидат аспектите на пристап, периодизација и жанровска класификација, како и спецификите на развојот на македонската книжевност. Ќе стане збор за толкувањето и вреднувањето на книжевните дела создавани во различни периоди, од творбите на Свети Климент до денес, како и за искуствата од истражувањата во создавањето на историја на македонската книжевност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија