Камерон Дијаз оваа сабота ја водела емисијата „Сатрдеј најт лајв“. Таа се појавила во неколку секси изданија и ги одушевила гледачите со своите трансформации и улоги. Ова е вторпат таа да го води шоуто.
Камерон првпат била водителка на емисијата во 2005 година. Со оглед на тоа дека тогаш добро се покажала, ја повикале повторно. Во емисијата гостувале и Бруно Марс и Марк Ронсон.
Во една од улогите таа правела пародија на хотлајн разговори. Облечена во црвена ноќница, со секси чорапи и црвени чевли, таа лежела на кревет и со мил глас разговарала на телефон.
Камерон уште една докажала дека трансформациите ѝ одат од рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.