По долгата борба со анорексијата познатата водителка го изгуби животот. Помина една деценија откако почна да применува секакви диети, но со тек на време грчкатѕа водителка Нана Карајани падна во опасната замка на анорексијата и се повеќе слабееше.
Со тека на време нејзината здравствена состојба беше се повеќе загрозена а таа се помалку се појавуваше во јавноста. Во една прилика изјави дека имала тешко детство поради разводот на родителите, а периодот кога била во болница поради билеста, како што тогаш изјави, и годел бидејќи во тоа време била центар на нивното внимание.
– Секогаш се прашував дали ме сакаат и не сакав да ги разочарам. Кога бев во болница го сакав тоа бидејќи тогаш го имав целото нивноп внимание, магласи тогаш водителката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.