| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштени уште 1.000 влезници за концертот на Илиќ и на Адил

Саботниот заеднички концерт на легендата на српската фолк-музика Мирослав Илиќ и на младиот Адил Максутовиќ ќе почне со Нино Величковски и неговите тамбураши. Тие ќе бидат задолжени за загревање на атмосферата пред официјалниот почеток на концертот.

Предвидено е концертот да трае повеќе од 4,5 часа, време во кое ќе ги преслушаме темите на Адил, но и ќе се потсетиме на безвременските хитови на Илиќ, кој периодов кај нас е актуелен и како жири во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Поради големиот интерес за концертот и експресна распродажба на влезниците, во продажба од денеска ќе бидат пуштени уште дополнителни 1.000 билети, и тоа по редовните цени – 400 денари за стоење, додека 500 и 600 се оние за трибините, во зависност од тоа дали се за пониските или повисоките редови.

Картите можат да се набават преку продажната мрежа „Купи карти за сѐ“, потоа на билетарницата во СП „Борис Трајковски“, во ресторанот „МЦМ“, на продажните места „Охридски бисери – фамилија Ристески“ во „Рамстор“ и „Сити мол“, како и во „Ројал бургер“.

Концертот почнува во 20 часот во СП „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top