| четврток, 6 декември 2018 |

Интерпол бара итно апсење руски милијардер

Интерпол денеска побара итно да биде уапсен рускиот милијардер Сергеј Пугачов, сопственик на повеќе имоти во странство, меѓу кои и францускиот синџир продавници за скапи прехранбени производи „Едиар“, објави меѓународната полициска организација.

Олигархот, што претходно беше близок до Кремљ, денеска живее во егзил во Лондон. Тој е ставен на црвениот список на Интерпол, со што се замрзнати неговите меѓународни сметки на барање на руското правосудство.
Милијардерот е обвинет за злоупотреби и измами во голем размер. Доколку се покаже за виновен, тој се соочува со затворска казна од десет години во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top