| четврток, 6 декември 2018 |

Шифра „Волк“: Тајни документи на ЈНА, кои сведочат за НЛО во Југославија

541142_vanzemaljci04_fШифра „Волк“. МИГ, кои имаат дозвола да стрелаат. НЛО урнат во Словенија. Аутопсија во Белград. Надлетувања над Задар, Пазина иНиш. Нејасни сведоштва на пилоти… Целата вистина за вонземскиот живот во Југославија го открива Томислав Новак.

Мирна ноќ над Титоград. Над планината Румије летаат пилоти во „галеби“. Почеток е на осумдесеттите и станува збор за стандарди вежби затоа што во близина се наоѓа пилотска школа на ЈНА. Секоја вечер се обучуваат идните пилоти. Летовите се рутински и кратки, малку и здодевни, а тогаш една вечер преку радиоврска се слуша: волк. волк. Повторувам, волк.

Шифра „Волк“ – зборува возбудениот пилот и нагло понира на висина под три илјади метри.

На небото веднаш се појавуваат „МИГ 21“. По телефон се будат командирите на воздухопловните сили. Општа тревога и пилотите веќе ги држат прстите на петлето од пушките.

На хоризонтот се појавуваат портокалови брзи и непредвидливи летачки објекти. „МИГ“ тргнуваат кон нив, но тие нагло исчезнуваат во далечина. Еден од пилотите успева да ја следи светлината и влегува во албански воздушен простор. Го има на нишан и бара дозвола да пука.

Премина граница, прекини ја потерата и излегувај од Албанија, му одговара командирот и ја прекинува мисијата.

Светлечкиот објект на ноќното небо со месеци се појавувале во Црна Гора. Кога шпекулациите стигнале до командирот, тој решил да ги прекине и наредил авионите „МИГ“ на прво споменување на светлечки објекти да уриваат сè што лета повисоко од три илјади метри. Постоела опасност тоа да бидат американски шпионски летала, но младите пилоти добиле само една наредба.

Приказната за операцијата „Волк’ над Румија денес ја раскажува пилот на ЈНА во пензија. Истата приказна ја слушнал и хрватскиот пилот Драгутин Препушт од Пука, кој и сам кон крајот на осумдесеттите двапати имал необични средби.

 Препушт како инспектор во „Галеб“ една летна ноќ со ученик тргнал кон Задар. Вежбата била стандардна и наменета за искусните ученици, кои се на чекор да станат професионални пилоти. Рутата ја минувале неколку пати во ноќта, од Пула преку Опатија до Бакањац кај Задар, па назад.

За време на третиот лет некаде околу полноќ во 1987 година токму кај Бакањац почнува хаос.

– Ноќта беше со ѕвезди, а летото удобен, па се отпуштив и преку командната табла го надгледував ученикот на кого добро му одеше – раскажува Препушт.

Во еден момент ученикот возбудено му се обратил.

– Што е ова од левата страна?

Препушт го кренал погледот и видел необична глетка. На само педесет метри имало портокалова елипса, која се движела кон нив.

„Галебот“ тогаш се наоѓал на висина од 3.600 метри, а инструкторот проценил дека НЛО се движи со брзина од околу 900 км на час. Нагло свртеле затоа што најважно било да избегнат судир. Галебот се спуштил на висина под 3000 метри, а Препушт гледал во дното на леталото. Овој пат светело црвено.

Веднаш контактирал со контролата за лет Загреб.

– Нема никој сами сте, одговориле од контролата.

Препушт барал дополнителна проверка, меѓутоа до крајот на вечерта ниту Љубљана, ниту Загреб, ниту Белград на воените радари не забележале други летала освен нивното.

Контролорот му одговорил: Го гледам со голо око, не си полудел, но на радар навистина го нема.

Инструкторот му рекол на ученикот никому да не го пријавува ова што го виделе затоа што може да станува збор за илузија, но кога слетале во Пула веќе ги чекале истражители кои ги раздвоиле и барале секој од нив да напише извештај.

 – Плашливо го опишав тоа што го видовме, но никогаш повеќе никој не ни го спомна изветашјот. Еден искусен колега ми рече дека нема пилот кој летал повеќе од 200 часови а барем еднаш да немал слично искуство, вели Препушт.

– Станува збор за НЛО. Тоа е, навистина, непознат објект, но сам себе си објаснив дека станува збор за електромагнетски облаци, кои остануваат како трага над секој авион. Тоа ми беше единствено можно објаснување – вели тој.

Исто така објаснува дека во еден момент се охрабрил и почнал да го следи НЛО, но тоа под агол од 90 степени нагло го проемнил правецот што не може ниту едно летало направено од човекот.

 Експертите за НЛО тврдат дека респектабилната долгогодишна легенда за вонземјани во Југославија почнала со документите што ги собирало Одделението за вселенски прашања основано веднаш по Втората светска војна. Поранешна Југославија во педесеттите и во шеесетите ги имала сите потребни состојки за уверливи митови за вонземјани од детално опишани средби со суштества од други галаксии, преку тајни бази, фотографии и завери, па се до манастирски фрески од 14 век кои прикажуваат непознати лица во летала.Имале дури и сопствен случај Розвел во кој по пример на американскиот , во Словенија паднал летечки објект по што следувала обдукција на мртов вонземјанин изведен од него. За сите посети на „вонземјаните“ биле известени и Американците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top