Кога домашните фудбалери не можат да победат или да дадат гол, тука е итрата ласица да им го обели образот. Играчите на швајцарскиот прволигаш Тун беа декласирани од Цирих со 0-4, а неочекуваниот гостин на стадионот се одмазди за поразот и го гризна за прст гостинскиот фудбалер Лорис Бенито откако ја фати во рацете во обид да ја изнесе надвор од теренот. За Цирих игра македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ, но тој мудро избегна блиска средба со итрото животно. По неколку круга низ теренот, сепак ласицата ја совлада домашниот голман Да Коста. Кога не можеше да фати ниту еден гол, тогаш барем ја фати ласицата. Погледнете го шоуто на симпатичното животно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


