Поранешниот премиер на Република Македонија, Владо Бучковски, најави дека ќе се бори до крај. Имено, Бучковски, вели дека откако ќе ја добие пресудата, во рок од три дена ќе поднесе ново барање.
-Пресудата сеуште ја немам добиено. Законски имам право три дена откако ќе ја добијам да поднесам ново барање. Тоа и ќе го направам“, вели Бучковски.
Во текот на вчерашниот ден, излезе информацијата дека за осум дена, експремиерот треба да се појави во затвор за да ја издржува казната од две години за случајот „Тенковски делови“.
Бучковски откако добил упатен акт за издржување на казната побарал одлагање за да ги заврши веќе отпочнатите обврски на Правниот факултет, но судијата за извршување санкции ја одбил одлуката како неоснована по што тој поднел жалба и до кривичниот совет и навел дека со неизвршување на превземените обврски на Правниот факултет – Скопје би предизвикале штета на студентите и факултетот што е доволна причина согласно законот да се одложи извршувањето на санкцијата информираат од судот.
И Кривичниот совет ја одбил жалбата и го потврдил решението на судијата, бидејќи како што објаснуваат од судот, осудениот по приемот на второстепената пресуда, имал обврска да го извести Деканатот на факултетот дека ќе биде спречен да ги извршува превземените обврски како редовен професор во престојниот семестар заради одлука на Апелациониот суд – Скопје со која е осуден на казна затвор во траење од две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Девет години затворска казна за Ѓоко Поповски
-
Денеска пресуда за грабежот во Тутунска – никој не знае каде се парите