| четврток, 6 декември 2018 |

Заблуди во врска со разводот: Најлошото поминува по потпишувањето на документите

Отровните коментари од околината се сол на рана кои луѓето ги споредуваат со прекинувањето на врската, но разведените тврдат колку е тоа болно искуство еднакво на тоа како да ти починал партнерот

400-05741812

Да се одлучи да се стави крај на бракот воопшто не е лесно. Разводот е болно искуство кое влијае и на двојката и на сите околку нив. Тешко е да се продолжи понатаму, а тоа ниту малку не го олеснуваат коментарите од околината. „Хифингтон пост“ ни ги носи неколкуте заблуди во врска до разводот.

– Тие кои не поминале низ развод милат дека е едноставно да се донесе таква одлука и дека тоа нешто што треба што поскоро да се заврши. Тоа не е воопшто лесно затоа што жалите за партнерот кој што сте го сакале и за врската која што сте ја создале.

-Врежано е мислењето дека разводот е исто како и да раскинете врска. Но тоа не може да се спореди.

-Луѓето постојано ви зборуваат како за нив разводот воопшто не доаѓа во обзир. Тие мислат дека тоа е срамота, но понекогаш тоа е најдобрата одлука која што можете да ја донесете.

-Луѓето мислат дека разведените премногу лесно се откажале од бракот. Но тоа најчесто го зборуваат кои само што се венчале или оние кои што никогаш не запловиле во брачните води.

-Околината се однесува како разводот да е заразен, па сите ве одбегнуваат.

-Луѓето мислат дека сте требале повеќе да се потрудите и да останете заедно поради децата. Меѓутоа јас мислам дека моите деца само сакаат родителите да им се среќни.

-Тие постојано бараат кривец, но понекогаш го нема, затоа што луѓето со текот на времето едноставно се отуѓуваат.

-Луѓето мислат како е тоа прилика за развод, но понекогаш тоа е само трагедија.

-Тие мислат дека со потпишувањето на документот најлошото поминало, но всушност тагувате подеднакво како да ви починал партнерот.

-Повеќето луѓе мислат дека всушност никогаш и не сте биле озбилни кога е бракот во прашање.

-Тие забораваат дека постојат две страни на приказната.

-Што се разведете, луѓето мислат дека сте повторно на „пазарот“.

-Луѓето мислат дека по разводот нема место за тагување, туку дека постојат само замерување и лутина.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top