| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче во критична состојба откако чадор му се забил во окото

Страшна трагедија се случила утрово во хрватскиот приморски град Солин. Тешко повредено е девојче, ученичка во локалното основно училиште, откако чадор ѝ се забил во око.

Како што предмалку пренесе „Индекс.хр“, девојчето има тешка повреда на мозокот и речиси сигурно ќе го загуби окото. Тоа изгубило премногу крв и лекарите се борат за неговиот живот.

Засега нема официјална информација како се случила страшната несреќа, наводно некој блиску до неа отворал чадор, чијшто врв го прободел девојчето и тоа веднаш загубило свест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top