| четврток, 6 декември 2018 |

Сон на модерната жена: Маска за мобилен која веднаш принта селфи фотографии

thumbnail

Француската компанија „Prynt“, измислила маска за мобилен телефон, која во истиот момент може да ја испринта селфи фотографијата, која сте ја направиле пред само неколку секунди.

Оваа маска која го носи името на компанијата, во истиот момент се претвара во полароид камера, ја местите на мобилниот телефон и веднаш можете да принтате фотографии.

Таа е со големина на новчаник и во себе може да содржи 10 листа фото хартија, кои ги произведува истата компанија, а батеријата може да издржи принтање до 30 фотографии.

Овој производ ќе биде лансиран во јануари 2015 година, а цената ќе биде 99 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top