Косовскиот министер за одбрана во заминување Агим Чеку изјави дека Косово наскоро ќе има своја војска и оти на првата седница на косовскиот Парламент, по неговото конституирање ќе биде донесена одлука за трансформација на безбедносните сили во вооружени сили на Косово.
– Формализацијата на косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово доцни поради тоа што се уште не е конституирано Собранието. Но верувам дека една од првите одлуки на Парламентот ќе биде формалното прогласување на вооружените сили на Косово, рече Чеку во интервју за весникот „Епока е ре“.
Тој додаде дека цврсто верува во реализацијата на тој проект, бидејќи „станува збор за национален проект, кој е од големо значење за земјата и за граѓаните“.
Тој проект, според него, има мошне широка поддршка и моќни меѓународни сојузници.
На прашањето дали за оваа транформација може да се смета на гласовите на опозицијата, Чеку изјави дека за неа се залагаат сите парламентарни политички партии и оти не очекува никакви проблеми или приговори.
На Косово денеска се одбележува Денот на косовските безбедносни сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



