Атлетико Мадрид за првпат сезонава e поразен на свој терен, а неуспехот против Реал Сосиедад ( 0-1), ги чинеше пад од втората на третата позиција на табелата, во шпанската Примера. Реал Мадрид сега е пред нив, по победата во Виго над Селта со 2-1.
Чаби Прието со прецизен удар во 53. минута, го урна непобедливиот бедем наречен „Висенте Калдерон“ во Мадрид. Фудбалерите од Сан Себастијан, се први гости сезонава што славеле на стадионот на Атлетико, по дури 13 натпревари без загубен бод. Заврши и импресивната серија од 815 минути без примен гол. на белгискиот репрезентативец Тибо Куртоа, кој ја чува мрежата на Атлетико.
szólj hozzá: Atletico Madrid vs Sociedad 0:1 HIGHLIGHTS
Киксот го искористи Реал Мадрид, со триумф во Виго против Селта од 2-1. Кристијано Роналдо со два гола, му донесе на „кралскиот клуб“ нова, петта победа во низа, за пробив на второто место, зад лидерот Барселона.
szólj hozzá: Celta Vigo 1-2 Real Madrid www.shoootv.com
Во останатите два дуели денеска, имаше само еден погодок. Муниаин стрелаше прецизно за победа на Атлетик Билбао против Валенсија, а Леванте и Хетафе одиграа без голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


