| четврток, 6 декември 2018 |

Вера Ќосевска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2014

Во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Скопје беше одржано доделувањето на наградата „Андреј Дамјанов“ за 2014 година во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Наградата и беше врачена на архитектот Вера Ќосевска за животно дело и особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.

Според  претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, творештвото на архитект Вера Ќосевска е безкомпромисно, без манипулации, дилеми, недоречености, творештво без интрига.

vera-kosevska-2014-damjanov_02

Образложувајќи ја одлуката на Комисијата за доделување на наградата, нејзиниот претседател архитект Ѓорѓи Константиновски ги нагласи сите дела зад кои стои потписот на Вера Ќосевска. „Вера Ќосевска е една од носителите на современата архитектура во Македонија“, нагласи Константиновски.
Инаку, одлуката за наградата ја донесе петчлено жири.

-Творештвото на Вера Ќосевска нè потсетува зошто сме одбрале да се занимаваме со архитектура. Пред нас се простира едно обемно творештво кое собрано на едно место претставува учебник за архитектонско проектирање. Архитектура ослободена од вишок, од сензација која создава пријатно чувство и спокој, пишува во образложението на комисијата што ја доделува наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top