| четврток, 6 декември 2018 |

Стојков нема време за чекање, постигна гол за 28 секунди (видео)

Ацо Стојков игра како препороден по враќањето во Македонија, а Работнички под негова команда нареди 8 победи во низа. И Брегалница лесно го положи оружјето, штипјани речиси без отпор се предадоа и загубија со 0-4 против шампионот.

За да биде полесно за „романтичарите“ се погрижи токму Ацо Стојков со хет-трик и погодок во 28. секунда од мечот, еден од најбрзите во историјата на македонската Прва Лига.

Погледнете го погодокот на македонскиот репрезентативец и сите останати од 16. коло во домашното првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top