| четврток, 6 декември 2018 |

Нова политика во рестораните и во пицериите

Американската агенција за храна и лекови (FDA) вчера ги претстави новите прописи кои ги обврзуваатголемите ланци на ресторани, сендвичари и на пицерии да го пишуваат бројот на калории на секое јадење во нивното мени.

Имено, по барање на потрошувачите, отсега рестораните ќе мора да ја наведат содржината на оброците преку бројот на заситени масти, масни киселини, холестерол, натриум, влакна, шеќери и протеини.

Овие правила ќе стапат на сила за една година и ќе ја вклучуваат и другата храна која се продава во кината и во забавните забавни паркови, како на пример пуканките.

Овие нови мерки треба да доведат до голема промена во јавното здравство, особено во борбата против дебелината, оценија федералните власти и групите за заштита на потрошувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top