| четврток, 6 декември 2018 |

Еве што ќе се јаде на инагурацијата на Трамп – Калифорнија во шок!

Менито за ручек на Трамповата инагурација предизвика огромни реакции- од виното до избор на зеленчук.

Ручекот кој традиционално се приготвува обично има идеја водилка, како инспирација. Така во 2009 година на ручекот на Обама, менито било посветено на Абрахам Линколн кој го сакал дивечот, плодовите од морето  и добриот стар американски колач со јаболки.

Затоа на ручекот на Обама послужен е рибји паприкаш, месо од фазан, патка и старински колач со јаболки и цимет.

За ручекот најавен за денеска кога Доналд Трамп официјално ќе биде воведен во Белата куќа, американските критичари имаат многу критики.

tramp

-Ова е како сурферска ужина – се зборовите со кои е опишано првото јадење, јастог и шкампи во сос од шафран, а коментарот дека јадењето пристигнало од деведесеттите години на минатиот век се однесува на второто јадење – јунешко филе во сос од чоколадо.Сепак најмногу коментари предизвика фактот  дека на целото мени нема зелечук.

Rabbit stew with potatoes on white plate, Image: 214855181, License: Rights-managed, Restrictions: ,,, Model Release: no, Credit line: Profimedia, Jalag - Food

-Калифорнија е длабоко навредена- е коментар на Твитер кој ја отсликува гордоста на сончевата држава на југот која таа ја чувствува поради фантастичното вкусното јадење.

За десерт ќе биде послужено само обично чоколадно суфле, со малку сладолед од ванила. Со него гостите ќе имаат можност да пијат калифорниски шампањ.

tram3

-Ако ова е најдоброто што Америка има да го понуди за ручек на инагурацијата, тогаш сме во многу поголем проблем отколку било кој насетуваше – заклучил Џереми Тауер, изврешен продуцент на ТВ емисијата на патеписецот Ентони Бордејн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top