| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина не ја поднесува новопечената сопруга на Клуни

Анџелина Џоли не ја поднесува Амал Клуни, новопечената сопруга на Џорџ Клуни.

Иако Бред и Џорџ се добри пријатели, сè помалку се дружат, а тоа е благодарејќи на нивните партнерки, пренесува „Ентертејмент Њуз“.

Дека не е се во ред се видело и на денот на венчавката на Џорџ и Амал, кога Бред и Анџелина не се појавиле. Наводно Анџелина одбила да оди на венчавката.

Се претпоставува дека Анџелина е љубоморна на успехот и образованието на Амал. Освен тоа, глумицата не се согласувала со политичките ставови на Амал, ниту и се по волја нејзините клиенти, а освен тоа Анџелина е многу полиберална за разлика од Амал која е малку конзервативна.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top