| четврток, 6 декември 2018 |

Над 600 турски граѓани се приклучиле кон џихадистите, сто од нив загинале

џихад

– Шестотини турски граѓани се приклучиле кон џихадистичките групи, како што е Исламска држава, а над сто од нив загинале во судири – изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој се повикува на разузнавачки информации. 

– На околу седум илјади странци им било забрането да влезат во Турција, а 1.100 лица биле депортирани врз основа на сомневањата дека може да се приклучат кон џихадистички групи – истакна министерот како одговор на пратеничко прашање во Парламентот во врска со буџетот.

Според Чавушоглу би било неправедно да се очекува од Турција, која има граница од илјада километри со Сирија и Ирак, да се соочи со проблемот на странските борци, кои влегуваат од турска територија.

Тој побара од западните држави да споделуваат повеќе разузнавачки информации со Турција за осомничени борци, со цел турските власти да можат да го спречат нивното влегување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top