Луис Назарио Де Лима Роналдо постојано знае да го привлече фокусот на комплетната светска јавност со секое свое излагања на фудбалски теми и фудбалски актуелности, но особено внимание привлекуваат изјавите кои ги дава за својата играчка кариера.
Популарниот „Ил Феномено“ во интервјуто за „Антена 3“ даде низа интересни одговори поврзани за теми од неговиот приватен и фудбалски живот, но што се однесува до неговата кариера, најголем впечаток остава неговиот став во однос на најважниот и најсреќниот момент кој го доживеал како професионален играч.
– Финалето против Германија во Јапонија. Победивме 2-0 и ги постигнав двата гола. Среќата беше неизмерна, не само поради головите и победата, туку и поради тоа што две години претходно се повредив многу тешко. Среќата беше голема бидејќи претходно го загубив големото финале со Франција во 1998 година. Сколари ми се јави, веруваше во мене и јас работев многу напорно за да се вратам на највисоко ниво по тешката повреда – потенцира Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.