| четврток, 6 декември 2018 |

Протестите се шират низ САД, најжестоко е во Фергусон

фото ЕПА

фото ЕПА

 Втор ден од немирите во САД по одлуката на судот да не се гони полицаецот кој уби црномурест тинејџер во гратчето Фергусон. Протестите кои се проширија во 170 градови во Америка најжестоки се во Фергусон, каде во текот на ноќта се испратени уште 2.200 припадници на Националната гарда. Сепак тоа не помогна ситуацијата да се смири. Гардата со гас маски и опрема за разбивање на демонстранти прави кордони по улиците, а пред градското собрание имало директен судир меѓу демонстрантите и полицијата при што било запалено полициско возило. Полицијата на критичните места извела и оклопни возила, употребила солзавци, а по прв пат на улиците се изведени и полициски кучиња.
Соопштено беше дека „секој што е на улица може да биде уапсен“, а во потерата по демонстрантите по споредните улици помага и хеликоптер. На социјалните мрежи се шпекулира дека на вториот ден од протестите се уапсени повеќе десетици луѓе, а последната официјална е дека се уапсени 80 лица. Според Би Би Си, на улиците во градовите ширум САД маршираат илјадници луѓе, а во Денвер и во Портланд полицијата употребила солзавци да ги растера. Во Њујорк полицијата соопштила дека „остава простор демонстрантите да дишат“. Се додека не се насилни и додека не прават работи кои создаваат немир и страв и додека нема вандализам ќе соработуваме со нив за да им обезбедиме право да демонстрираат, изјавил комесарот на полицијата Вилијам Братон.
Си Ен Ен јавува дека протестите се шират од источниот до западниот брег и дека луѓето се на улици во Лос Анџелес, Њујорк, Вашингтон, Чикаго и други градови како и дека во некои има судири, грабежи и инциденти со полицијата.

Гневот на демонстратите дополнително го зголеми изјавата на полицаецот Дарен Вилсон, поради кои првично избија немирите кога со 12 куршуми го уби 18 годишниот афроамериканец Мајкл Браун. Полицаецот рекол дека му е жал за изгубениот живот, но дека совеста му  е чиста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top