Драги пријатели, соработници и навивачи.
Сакам да ви изразам огромна благодарност за вашата неизмерна поддршка во изминатиот период додека бев во Металург. Навистина имав прекрасни моменти гледајќи ги прекрасните навивачи како не бодрат во постигнувањето на минатогодишниот успех, кога влеговме во осминафиналето во Лигата на Шампионите и освојувањето на прво место дома со победа над Вардар. И покрај сето тоа верувам дека знаете дека морав да си заминам од Скопје, поради фактот што од управата се уште немам никаква исплата, ниту пак исписница – а јас како сопруг и татко треба да се грижам за моето семејство. Па, така од минатата сабота веќе сум назад во мојата родна земја. Поздрав до сите вас и секое добро, Македонија ќе остане засекогаш во моите спомени.
Вашиот, Павел Атман
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.