Според податоците на Националниот портал за квалитет на воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање во 19 часот се регистрирани многу високи концентрации на ПМ10 честичките на мерните станици во Гази Баба и Ректоратот во Скопје, во Тетово, Битола 1, Велес 2 и Кичево. Високи концентрации се регистрирани и на мерните станици во Лисиче и во Карпош.
Надминувања на дозволеното количество на ПМ10 е регистрирано и вчера каде на овие мерни станици се регистрирани над 100 микрограми на метар кубен, а во Тетово 273 микрограми. Максимално дозволеното е 35 микрограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.