| четврток, 6 декември 2018 |

Не престанува да плаче и да вика – возачот префрлен на психијатрија

Душан Јовановиќ (19), возачот на БМВ-то кое заврши во Дунав, несреќа во која загинаа три негови пријатели, вчера беше префрлен воСпецијалната затворска болница во одделот за психијатрија.

Во неделата на Јовановиќ му беа одредени 30 дена притвор бидејќи возел пребрзо во алкохолизирана состојба, а се уште немал возачка дозвола.

– Од моментот кога ќе е во ќелија, Душан ментално е многу лошо. Многу тешко го поднесува тоа што по негова вина, три млади луѓе ги загубија своите животи. Буквално е ослабен, вика, плаче, и затоа е пренесен во болница. Прегледан е и одредена му е соодветна терапија – вели за „Блиц” извор од истрагата.

Јовановиќ е член на навивачката група на Партизан „Врачар“, а на прекар го викаат Сатар, затоа што неколкупати однесол сатар на училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top