Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вечерва на митингот во Боговиње ја обвини ДУИ дека дозволила Албанците да бидат изложени на експерименти како во Косово и во Прешево, а тој бил решението за нивните проблеми.
– Нашата кауза не е иста со онаа на Ромите, Турците, Бошњаците и Србите што се во коалиција со ДУИ. Тие се наоѓаат во незавидна состојба и за да го избегнат поразот, соработуваат со кого било. Но, јас ќе им порачам дека не можат да го избегнат поразот што ќе им го нанесе народот. На 24 март на демократски начин да ја поразите Владата бидејќи ДУИ дозволи со Албанците да се направат секакви експерименти и стратегии какви што биле применети во Косово во поранешна Југославија и во Прешево. Ние нема да седиме со скрстени раце и ќе им кажеме стоп на ДУИ и на Владата – изјави Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.