| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Јас го поставив Петров за градоначалник, а тој за 4 години направи само една улица

Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, вечерва, одговарајќи на нападите од неговиот ривал Андреј Петров, откри дека неговите довчерашни сопартијци во СДСМ го убедувале да се кандидира за градоначалник на Град Скопје, но дека тој ја одбил понудата, а сега сфатил дека нивната цел била тој да му го ослободи местото во Карпош на Андреј Петров.

– Дури сега паднаа сите маски. Ме навлекуваа да се кандидирам за градоначалник на Скопје за да го ослободам Карпош. За кого? За Андреј Петров, истиот оној што јас го поставив за градоначалник за да, на инсистирање токму на претседателот Црвенковски, станам министер за економија. Оној Петров кој за четири години направи само една улица, која потоа ја прекопа за да си воведе канализација и вода до неговата зграда. Граѓаните многу добро знаат во што се состои мојот „грев“. Тој е единствено во тоа што две недели порано донесов храбра одлука. Јас не кријам дека имам програма и дека сум подготвен да ја остварам затоа што јас се подготвував за избори и знам дека сето тоа можам да го остварам – рече на вечерашниот митинг кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top