Плејмејкерот на Црвена Ѕвезда, Маркус Вилијамс му оддаде почит на загинатиот навивач на клубот Марко Ивковиќ на уникатен и трогателен начин. Вилијамс на натпреварот против Цедевита во АБА лигата прикажа одлична партија на паркетот, но на гумата од патиките со кои го одигра натпреварот со фломастер напиша “R.I.P. Marko”. Потег кој ги трогна фановите на кошарката.
25-годишниот Марко Ивковиќ почина во петокот во Истанбул, откако заедно со групата на фанови од Србија кои допатуваа во Турција да го следат натпреварот против Галатасарај од Евролигата беа нападнати од турски фанови на Галатасарај.
Лидерот во АБА лигата Црвена Звезда синоќа успеа да слави минимална победа на гостувањето кај Цедевита со 88:87.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тренерот на Антиќ збесна: Сакате ли на сите тројца да ви удрам по еден шамар? (видео)
-
Хаос на „вечното“ дерби во Белград: Жестока тепачка на јужната трибина, ги гореле со бакљи и ги соблекле до гола кожа (фото)
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин
-
Црвена Ѕвезда со 39 разлика го победи МЗТ: Се посрамотивме прво себе си, а потоа и клубот