| четврток, 6 декември 2018 |

Петто издание на „Мобил фестивал“

unnamed

Петтото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон, „Мобил Фестивал“, што започна на 19 ноември, продолжува со својата програма од 27 до 29 ноември.

На 27 ноември во 16 часот во Кино „Фросина“, МКЦ ќе се одржи работилница „Нов бизнис модел за дистрибуција на независни филмови“ што ќе ја води Навид Сарем, проект координатор од „Ај од филмс“ од Франција. Овој нов бизнис модел ги промовира дебитантските филмови и новите автори преку заедничка промоција на филмски фестивали и по медиуми од страна на локалните дистрибутери. Работилницата е поддржана од Агенцијата за филм на Република Македонија.

На 29 ноември, во 20 часот во Кино „Фросина“, МКЦ ќе се одржи главната вечер на Мобил Фестивал 2014, на која ќе се прикажуваат досегашните победници на Мобил Фестивал, потоа филмовите од џуниор, домашна, регионална и интернационална селекција и доделувањето на наградите. После доделувањето на наградите ќе се одржи концерт на групата „Тотално Опуштање“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top